Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'America/New_York' for 'EST/-5.0/no DST' instead in /home/oougjorc/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'America/New_York' for 'EST/-5.0/no DST' instead in /home/oougjorc/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Слободни ученички активности

Низ слободните ученички активности се создаваат претпоставки за индивидуализација на воспитно-образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способностите на учениците. Според карактерот и содржината на работа, слободните ученички активности се застапени како:

  • Слободни активности за проширување и продлабочување на знаењата и способностите на учениците;
  • Културно-уметнички активности;
  • Слободни технички активности;
  • Спортски активности.

Преку слободните ученички активности се постигнуваат значајни воспитно-образовни резултати. Задачите на слободните ученички активности се:

  • Да се поттикнува и негува детската љубопитност, сознајните способности и креативноста на учениците;
  • Учениците да се воведуваат во задачи кои бараат поголема самостојност во нивното извршување;
  • Да се негува доследност и истрајност во извршувањето на обврските;
  • Да се создаваат навики за правилно и рационално користење на слободното време.

Слободните ученички активности се реализираат во слободното време на учениците и врз основа на соодветни програми што се составен дел на оваа програма. Слободна активност ја реализира секој одделенски наставник и секој предметен наставник.

Во состав на слободните ученички активности во училиштето работат и секции во кои учениците учествуваат, и тоа:

  • НОВИНАРСКА СЕКЦИЈА - Мишевска Иванка, Дулевска Розета
  • СЕКЦИИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИК:
    • АНГЛИСКИ ЈАЗИК - Трајановска Васка
    • ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК - Васик Милорад
  • МАТЕМАТИЧКА СЕКЦИЈА - Ангеловска Гордана, Николовска Мирјана
  • МЛАДИ ФИЗИЧАРИ - Скилевски Иво
  • МЛАДИ ХЕМИЧАРИ - Скилевски Иво
  • МЛАДИ ИСТОРИЧАРИ - Ружица Трпевска
  • ГЕОГРАФСКА СЕКЦИЈА - Љубомир Смилевски
  • МЛАДИ БИОЛОЗИ - Гордана Билбиловска
  • ЛИКОВНА СЕКЦИЈА - Виолета  Ристовска
  • БИБЛИОТЕКАРСКА  СЕКЦИЈА - Марковска  Политими
  • КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ СЛОБОДНИ  АКТИВНОСТИ:
    • ХОР - Дамјановик  Емилија
    • ОРКЕСТАР - Дамјановик  Емилија
  • СЛОБОДНИ  СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ:
    • ШАХ, ФУДБАЛ, РАКОМЕТ - Симе  Симовски
    • КОШАРКА, АТЛЕТИКА, ИГРИ - Љупчо Геориевски